Надежите на Канатларовски ремизираа со Романија (ФОТО)

Македонската репрезентација до 16 години одигра нерешено, без голови против врсниците од Романија на првиот натпревар од пријателски карактер одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во договор меѓу двете селекции, победникот се решаваше на пенали, а нашата репрезентација беше подобра со 5-4.

Во регуларните 90 минути двете селекции не постигнаа погодок. Најубавата прилика за нашата селекција предводена од Драган Канатларовски не ја искористи Георг Стојановски во второто полувреме, а убава шанса за победа на македонската репрезентација не искористи и Дашмир Елези.

Двете репрезентации вториот контролен натпревар ќе го одиграат в четврток од 11 часот.

Македонската селекција настапи во следниот состав: Стефан Тасев, Марко Ристов (66` Никола Павлевски), Бљенд Зекири, Енис Буќи (89` Борјан Попоски), Матеј Ангелов (66` Давид Љушев), Дашмир Елези (84` Огнен Здравковски), Георг Стојановски (66` Михаил Талевски), Бесар Гуџуфи (80` Матео Софијановски), Игор Јаневски, Мите Митев (80` Мирче Стоилов), Хамса Меметриза (66` Матеј Ѓорѓиев).

 

Се вчитува...