Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја забележа и втората победа во квалификациите за Европското првенство 2027 година и овојпат против Ерменија сега на гостински терен со минимални 0-1.
Натпреварот лошо почна за нашата репрезентација откако селекторот Горан Станиќ мораше во 25. минута поради повреда да го извади еден од нашите најдобри фудбалери Сејдо Дураков.
Нашите фудбалери до крајот на првиот дел сепак успеаја да стигнат до водство од 0-1 со голот на Мартин Ѓоргиевски во 45 минута.
Во вториот дел надежите на Горан Станиќ стигнаа и до втор гол преку Љатифи во 75. минута кој ги постави конечните 0-2. До крајот домаќините останаа и со фудбалер помалку откако Аветијан во 91. минута доби втор жолт картон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

