Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска на стадионот Тополица, во Бар го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ издвојуваа триумф со 2:1 и тоа со пресврт. Домаќинот прв поведе со 1:0 преку Вујишиќ во 29. минута. Македонија со голот на Ристовски 10 минути подоцна го израмни резултат. Матески со гол во последната минута од натпреварот и донесе победа на Македонија.
Нашите млади фудбалери за разлика од првиот меч одигран помеѓу овие две селекции, одиграа многу поквалитетно и сосема заслужено издвојуваа победа.
Вчера македонската репрезентација го загуби првиот контролен натпревар со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА