Иако имаа добри шанси на крајот да стигнат до победата, сепак, младата репрезентација до 21 година одигра нерешено 1-1 против Ерменија во пријателски меч на тренинг центарот Петар Милошевски. Во меч со две различни полувремиња, во кои првото му припадна на Македонија, а второто на Ерменија, на крајот се чини дека резултатот беше најреален.
Абази во 30. минута по асистенција на Максимов погоди во мрежата на Ерменија за предност на Македонија. Во 45. минута Алаерцијан ја погоди пречката од голот на Василев, и така немаше израмнување.
Во вториот дел далеку поактивна игра на Ерменија, а селекторот Канатларовски направи многу измени. Во 53. минута Ерменците стигнаа до израмнување преку Таракчјан.
До крајот на мечот Решат Рамадани во финишот не успеа да реализираше по изведен корнер, и така резултатот остана 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА