Младата фудбалска репрезентација на Македонија забележа пораз од 2-1 против Босна и Херцеговина во контролен натпревар како дел од јунскиот УЕФА прозорец.
Откако пред три дена нашите надежи славеа против Полска (2-1) денеска немаа сила за ништо повеќе против селекцијата на Босна и Херцеговина. Босанците првиот погодок го постигнаа во 10. минута, додека на 2-0 зголемија во 72. минута. Конечните 2-1 беа дело на Имран Фетаи во 90. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА