Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година загуби на првиот од двата контролни натпревари на тренинг комплескот на ФФМ „Петар Милошевски“ против репрезентацијата на Косово со 1-3.
Нашите надежи поведоа со 1-0 уште во 18. минута со голот на Никола Величковски. Гостите израмнија на 1-1 преку Арјант Фазлија во 29. минута.
Во вториот дел целосен пресврт направи Куртиши во 66. минута, додека конечните 1-3 ги постави Куканај во 87. минута.
Овие две селекции ќе одиграат уште еден контролен дуел, в недела од 12 часот на „Петар Милошевски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА