Младата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (19:45 ч.) со натпреварот во Истанбул против Украина ќе го заврши циклусот квалификации за пласман на Европското првенство до 21 година кое во 2023 година ќе се игра во Романија и Грузија.
Избраниците на Драги Канатларовски ја совладаа Ерменија во претходното коло па и покрај тоа што ги загубија шансите за пласман на шампионатот, сакаат на најдобар можен начин да го затворат овој циклус.
На овој меч селекторот нема да може да смета на фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров, Арби Воша кој се пожали на повреда по мечот со Ерменија. Првиот натпревар меѓу овие две селекции кој се одигра во Скопје заврши без победник 1-1.
Натпреварот кој поради инвазијата на Русија над Украина ќе се игра во Истанбул е со почеток во 19.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА