Младата репрезентација на Македонија до 21 година, загуби во последниот натпревар во Анталија од селекцијата на Словачка минимално со 1-0. Резултатот можеше да биде поинаков ако беше досуден пенал во финишот од средбата, реакција на судијата која ги налути и од нашата клупа, па селекторот Канатларовски реагираше кон арбитрите, но залудно.
Голот на Словачка падна во 67. минута кога по една акција, Словаците погодија во мрежата на Алчевски.
Ова беше трета и последна контрола на младите во Анталија. Претходно одиграа со Летонија (пораз 3-0), и ја совладаа Финска на пенали.
Покрај недосудениот пенал, Македонија имаше уште неколку шанси да дојде до подобар резултат, но тие не беа искористени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА