Надежите прокоцкаа „+13“ за една четвртина и загубија од Ирска

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години го доживеа и вториот пораз на Европското првенство Б-дивизија кое се игра во Скопје, откако вечерва загубија од Ирска со 67-70.

Натпреварот почна израмнето па по десет минути игра нашите надежи имаа само минимална предност од 21-20. Слично помина и втората четвртина, но сепак Македонија одигра уште за нијанса подобро, па на паузата меѓу двете полувремиња замина со позитива од плус пет 43-38.

Нашите кошаркари феноменално го стартуваа второто полувреме. Одиграа неверојатна трета четвртина по која за првпат стигнаа и до двоцифрена предност од 56-43. Во последниот период Ирците возвратија на ист начин, па на три минути до крајот стигнаа до целосен пресврт 62-63.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која подобро се снајдоа Ирците за конечен триумф од 67-70. Павел Гиновски со 19 поени беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Деклан Ехиџи исто така постигна 19 поени.

Утре Македонија за противник ќе ја има репрезентацијата на Полска.

Се вчитува...