Надежите редат порази во квалификациите: Италија ја „прегази“ Македонија (ВИДЕО)

Младата репрезентација на Македонија го запиша и шестиот пораз во седмиот меч во квалификациите за пласман на ЕП. Селекцијата до 21 година сосема очекувано, загуби на гостувањето кај фаворитот во групата, селекцијата на Италија со убедливи 4-0, која ја продолжува битката со Полска за првото место на табелата во групата.

Практично од првата шанса Италија постигна гол. После една долга акција, Бартесаги од левата страна центрира, а Ндор во трк со глава ја забива топката во мрежата на немоќниот Џеков за предност на домашната селекција.

Само што почна вториот дел, веќе беше 2-0 за Италија. Бартесаги асистира до Липани кој од 22-23 метри го изненади Џеков за предност од 2-0.

Не минаа ниту 60 секунди од вториот, и трет гол во мрежата на Македонија. Екхатор доби топка и ја измами одбраната на Македонија, шутираше прецизно во долниот лев агол за предност од 3-0.

Во 86. минута Фини од пенал зголеми на 4-0, и тоа беше и конечен исход од овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...