Надежите ремизираа со Украина, продолжува битката за второто место во квалификациите (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Младата репрезентација на Македонија останува се уште со шанси за битка за втората позиција во Групата Х во квалификациите за ЕП 2023, откако ремизираше (1-1) на дуелот со Украина кој се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Украинците беа подобри во првото полувреме заслужено доаѓајќи до предност од 0-1 со погодокот на Сирота во 42. минута.

Сепак, избраниците на Драган Канатларовски одиграа одлично второ полувреме во кое стигнаа до израмнување во 58. минута со голот на Томче Гроздановски а имаа и можности за целосен пресврт, но Хајдари во 77. минута не искористи одлична шанса за 2-1.

И Украина имаше можност за триумф, но Бондаренко во 93. минута ја погоди само гредата од голот на Денковски.

 

Следен натпревар за Македонија е против Франција, дуел кој ќе се игра на 16. ноември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...