Кошаркарската репрезентација на Македонија го загуби и вториот меч на Европското првенство Б-дивизија откако вечерва беше поразена од Австрија со 79-58.
Првата четвртна помина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса подобри беа нашите надежи кои по десет минути игра имаа минимална предност 12-13.
Австријците одиграа многу поквалитетно во вториот период. На избраниците на Самарџиев им дозволија само осум поени, па на паузата меѓу двете полувремиња заминаа со позитива од 30-21.
Лошата игра продолжи и во третата четвртина во која Австријците го наполнија нашиот кош, па по триесе минути игра имаа голема позитива од 60-42. До крајот само рутински го приведоа мечот за конечен триумф од 79-58. Mарко Луканоски со 14 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека 11 поени постигна Коста Ќириловски. Кај победникот Омер Сулјановиќ постигна 19 поени.
Веќе утре нашите надежи ќе го имаат и третиот предизвик на шампионатот каде ќе се сретнат со Грузија, а мечот е со почеток во 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

