Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години со победа над Република Ирска од 74-60 го отвори настапот на Европското првенство Б дивизија кое се одржува во Романија.
Нашите надежи уште од самиот од старт го решија победникот, откако првата четвртина ја добија со убедливи +13 (29-16). Во продолжение на мечот избраниците на Тони Симиќ го контролираа резултатот, приведувајќи го рутински мечот до самиот крај, за конечна победа од 74-60.
Најефикасен во нашиот табор беше Андреј Јакимовски со уфрлени 23 поени, додека кај Ирците најрасположен беше Санми Фајана со 15 поени.
Во второто коло кое на програмата е утре, Македонија се среќава со репрезентацијата на Украина, а мечот е закажан за 15:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА