Репрезентацијата на Македонија до 21 година вчера и официјално во Скопје ги стартуваше подготовките за престојните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.
Селекцијата предводена од Драги Канатларовски на стартот на овие квалификации и гостува на незгодната Шведска на 8. септември во Јончепинг. Во второто коло, пак, на 12. септември од 15:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ја дочекуваме силната репрезентација на Холандија.
Вечерва избраниците на Канатларовски го одработија и вториот тренинг низ подготовките пред дуелите со двете светски велесили. Максимално позитивни се очекувањата од двата натпревари и покрај тоа што се свесни сите во националниот тим дека не чекаат тешки натпревари. Но, никој не стравува ниту од Шведска ниту од Холандија… Напротив. Огромен е мотивот за докажување на сопствениот квалитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА