Победата над Калјари му овозможи на Интер да се надева на кикс на Милан во последното коло, а со тоа и евентуална одбрана на титулата во Серија А.
Тимот на Симоне Инзаги го победи Калјари, но за скудетото ќе му треба победа во последното коло и пораз на Милан против Сасуоло.
Тренерот на „нероазурите“ се потсети на своето искуство како играч на Лацио од 2000 година, потенцирајќи дека постои реална можност Милан да загуби на „Мапеи“.
„Надежта последна умира, но такво нешто веќе се има случено. Јас ја освоив титулата со Лацио, имавме два бода помалку, а Јувентус загуби во Перуџа, тоа може да се повтори и сега“, вели Инзаги.
Предводникот на Интер потсети на контроверзниот натпревар меѓу Перуџа и Јувентус, чиј старт беше првично одложен поради силниот дожд. Судијата Пјерлуиџи Колина одлучи средбата сепак да се игра по тешки услови при што домаќините се снајдоа подобро и го оставија Јувентус без титула.
Интер во последното коло ја пречекува Сампдорија која веќе обезбеди опстанок во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА