Алепо повторно виде фудбал (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Речиси еден месец сирискиот град Алепо е ослободен. По пет години немири и бомбардирање. Жителите на овој град конечно беа сведоци на фудбалски натпревар од тамошното првенство. Итихад ја нагости Хурија и ја совлада со 2-1, а трибините, за првпат по речиси седум години беа исполнети со локални љубители на фудбалот. Присутни беа и припадници на безбедносните сили кои будно го следеа натпреварот покрај теренот.

„Не можам да ви опишам какво е чувството да се вратиш на овој терен по пет години. Срцето ми чука пресилно“ – истакна фудбалерот на Итихад, Омар Хамиди.

[new_royalslider id=”494″]

Се вчитува...