Надмоќна Брегалница… Штипјани и „Фалангата“ ја освоија Струмица (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Брегалница повеќе од заслужено дојдоа до првата победа во новата сезона, веднаш на стартот со триумфот од 1-2 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица покажувајќи дека со повеќе од сериозни амбиции ќе чекорат во новиот шампионат.

Со головите на Додев и Ристевски штипјани со пресврт дојдоа до триумф на стадионот „Благој Истатов“.

Сето тоа за радост на нивните најверни навивачи „Фалангата“ од кои добија безрезервна поддршка во текот на целиот натпревар во Струмица…

 

Се вчитува...