Американската лизгачка со јапонско потекло Мираи Нагасу на ЗОИ во Пјонгчанг изведе елемент кој ретко се гледа во женска конкуренција. Во тимското натпреварување, Нагасу изведе троен аксел, еден од најтешките потези во уметничко лизгање.
Таа е првата Американка која успеала да го направи тоа на Зимски Олимписки Игри, а трета воопшто лизгачка во историјата. Сепак, и тоа не беше доволно за тимот на САД да стигне до злато. Првото место им припадна на Канаѓаните, второпласирани беа Русите, а на третото место се пласира тимот на САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА