Јапонскиот интернационалец Јуто Нагатомо по седум сезони поминати во дресот на италијанскиот калчолигаш Интер одлучи да го напушти „Џузепе Меаца“. Тој по поголема минутажа замина во Турција и во наредните шест месеци ќе го носи дресот на Галатасарај како позајмен играч.
Нагатомо за Интер одигра 210 натпревари и постигна 11 гола во дресот на „нероаѕурите“. Сепак, левиот бек не доби голема минутажа од тренерот Лучијано Спалети и токму затоа се реши на ваков чекор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА