Нагелсман го избриша Горецка од репрезентацијата на три месеци пред ЕВРО 2024

Јулијан Нагелсман се реши за сериозна промена во средниот ред на германската репрезентација на три месеци до почетокот на ЕВРО 2024, откако германскиот селектор реши за мартовските пријателски средби да не го повика Леон Горецка.

Нагелсман соработуваше со Горецка и во Баерн Минхен, потоа му даде шанса и во репрезентацијата, нo искусниот играч за врска беше меѓу најкритикуваните поради непостојаноста во формата. ГЕрманија на 23 март ќе игра со селекцијата на Франција,  три дена подоцна во Франкфурт ќе ја пречека Холандија, па селекторот се реши за коренити промени во средниот ред.

Главна вест дефинитивно е враќањето на Тони Крос, а Нагелсман реши во националниот тим да го вклучи и Александар Павловиќ. Младиот фудбалер игра извонредно во дресот на Баерн, за неговите услуги се интересираше и Србија, па Германците побрзаа за што поскоро да му дадат шанса во сениорскиот состав.

Останува да се види дали бришењето на Горецка е само краткорочен потег или Нагелсман целосно ќе се откаже од услугите на овој фудбалер за претстојниот европски шампионат што Германците ќе го играат на домашен терен.

Се вчитува...