Нагелсман го избриша Сане од репрезентацијата: Тој реши да игра во Турција…

Германскиот селектор Јулијан Нагелсман го објави списокот на фудбалерите за септемвриските квалификациски средби во кои Германците најпрвин ќе гостуваат на Словачка во Братислава, а потоа на домашен терен ќе ја пречекаат селекцијата на Северна Ирска.

Кормиларот на оваа селекција реши да го врати во националниот тим Антонио Ридигер, но затоа изненади со одлуката во својот тим да не го вклучи Лирој Сане. Германците се без повредените Мусиала, Хаверц и Клајндајнст во нападот, а Нагелсман не крие дека бришењето на Сане се должи на неговата одлука по напуштањето на Баерн да се пресели во Турција и да го облече дресот на Галатасарај.

„Тоа беше негов избор, да замине во Галатасарај, јас не можам да се мешам, но како селектор морам да кажам дека игра во многу послаба лига од германската и тоа секако се одразува на неговиот статус во репрезентацијата. Ги следам неговите настапи, но веќе кога игра во лига како турската, ќе мора да биде на многу, многу повисоко ниво“, порача Нагелсман.

Се вчитува...