Федерико Киеза игра извонредно во дресот на Италија на овој европски шампионат, со што крилниот офанзивец го привлече вниманието на Баерн Минхен.
Новиот тренер на Баерн, Јулијан Нагелсман, не крие дека е заинтересиран за услугите на Киеза, но признава и дека баварскиот гигант не е доволно финансиски моќен во овој период за да може да го комплетира трансферот на асот на Јувентус.
„Федерико Киеза е многу, многу добар играч. Ги следам неговите игри веќе подолго време и сметам дека е извонреден бидејќи самиот чувствува голема слобода секогаш кога е на теренот. Брз е, одлично ги финишира акциите. Нормално дека го сакам во тимот, но реалноста е поинаква. Тој вреди многу, многу пари и е прескап за Баерн“, изјави Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА