Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман повика шест дебитнти, вклучувајќи го и тинејџерот од Баерн Минхен, Александар Павловиќ за пријателските натпревари против Франција и Холаднија овој месец.
Нагелзман исто така се одлучи да ги исклучи Леон Горецка и Серж Гнабри од Баерн, а ги нема ниту Матс Хумелс, Јулијан Бранд, Никлас Зиле и Нико Шлотербек од Борусија Дортмунд. Тука е повратникот Тони Крос.
Сензационалната сезона на Штутгарт не мина незабележано, па така од овој тим се најдоа Валдемар Антон, Максимилијан Мителштед и Дениз Ундав, кои првпат ќе се најдат во национакниот тим, заедно со Максимилијан Бајер од Хофенхајм, и Јан-Никлас Бесте од Хаденхајм.
Освен Крос, во националниот тим се враќа и голманот Мануел Ноер.
„После мечот со Турција знаев дека работите мора да се сменат. После лошите резултати, разговаравме дека мораме да направиме големи промени. Сакавме да бидиме некои други играчи. Вратата на репрезентацијата не е за никого затворена“, рече Нагелсман на прес-конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА