Нагелсман ја воскресна Германија: Супер-пресврт и триумф над САД

Јулијан Нагелсман имаше одлично деби на клупата на германската репрезентација, откако „панцерите“ триумфираа на гостувањето во САД со 1-3, прекинувајќи ја серијата катастрофални игри и резултати под водство на претходниот селектор Ханси Флик. Нагелсман направи неколку рокади во составот, поради болест во тимот го немаше Џошуа Кимих, но новиот кормилар сигурно ќе биде задоволен од покажаниот карактер на својот состав, особено ако се знае дека Американците први дојдоа до предност.

Кристијан Пулишиќ ги крена домашните навивачи на нозе откако фудбалерот на Милан постигна еврогол од над 20 метри крај немоќниот германски голман. „Панцерите“ знаеја да се распаднат во вакви ситуации под водство на Флик, но тоа не беше случај вечерва, па уште во првиот дел стигнаа до израмнување преку Гундоган, кој натрча на една одбиена топка по одличното двојно додавање што го одигра со Сане.

Човек на одлука беше Филкруг, откако фудбалерот на Борусија Дортмунд стрелаше прецизно за 1-2, а неколку минути подоцна му асистираше на Мусиала за конечните 1-3 на овој натпревар.

Се вчитува...