Челниците на германската фудбалска федерација ДФБ, разговарале со поранешниот тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман за да ја преземе репрезентацијата и да го замени Ханс Флик.
Германија остана без селектор, откако Флик доби отказ после слабите резултати на пријателските натпревари, а особено после поразот од Јапонија (1:4). Билд потсетува дека Флик е првиот селектор во историјата на Германија кој доби отказ од оваа функција.
Нагелсман е без ангажман откако изненадувачки беше сменет во март оваа година од кормилото на Баерн Минхен. Тој во минатото беше дел од Лајпциг и Хофенхајм.
Германските медиуми потсетуваат дека Нагелсман веќе работел со поголемиот дел од германските играчи и дека тој е идеално решени да ја води Германија на престојното ЕП во кое тие ќе бидат домаќини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

