Нагелсман: Баерн не ми даде доволно време

Јулијан Нагелсман кратко траеше на клупата на Баерн Минхен. На еден од најперспективните тренери, не само во Германија, туку и во Европа, му предвидуваа долг стаж во таборот на „Баварците“, но беше на клупата нешто помалку од две години, односно од 2021 до 2023 година, кога беше сменет и на негово место донесен Томас Тухел.

Нагелсман не го спасија ниту освоената титула, па лани во март доби отказ, а потоа Тухел успеа едвај да дојде до пехарот. Потоа ја презеде германската репрезентација.

Тој за „Шпигел“ зборуваше за времето поминато во Баерн.

„Јас бев назначен во Баерн кога имаше еден вид големи промени во екипата. Некои од клубовите им даваат реме на тренерите, и потоа тоа им се исплати. Клоп првата титула со Ливерпул ја освои после пет години, Гвардиола ја освои Лигата на шампионите после седум сезони, но мене не ми дадоа време да променам нешто, односно немаа трпение“, изјави Нагелсман.

Се вчитува...