Тренерот на германскиот шампион Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман изјави дека е уверен оти Килијан Мбапе ќе игра за Пари Сен Жермен во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, пренесуваат германските медиуми.
Мбапе се повреди минатата недела на натпреварот од француското првенство против Монпелје, а клубот од Париз соопшти дека францускиот репрезентативец ќе отсуствува три недели.
„Не знам што точно да кажам, но очекувам да игра. На нивната официјална страница тие беа доста нејасни и кажаа три недели. Доколку нема сериозна повреда, мислам дека нема да го пропушти натпреварот“, изјави Нагелсман.
Првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14. февруари во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА