Одличен натпревар во Дортмунд помеѓу Германија и Данска, во кој посреќни беа Германците со 2-0 и се пласираа во 1/4 финалето на ЕВРО 2024 на кое се домаќини.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман еден ден по победата изјави дека новите играчи конечно сфатиле колку се добри.
„Не беше лесен натпревар, Данска се претстави многу добро. На почетокот ние ги контролиравме работите, но потоа почнавме да брзаме. Сепак, успеавме да се справиме со тешкотиите – како и против Швајцарија, во тоа ни помогнаа и нашите фанови. Горд сум на тимот. Играчите почнуваат да сфаќаат колку се добри“, изјави Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА