Нагелсман не отстапува: Хаверц повторно во нападот, Вирц на клупата

Иако се очекуваше Каи Хаверц да биде на клупата, и во нападот да игра Филкруг во нападот, сепак, на крајот Наглесман не попушти пред притисокот од јавноста. Така Хаверц ќе игра во офанзивниот дел, но има и неколку измени.

Шлотербек ќе игра во одбраната на местото на суспендираниот Та, а на левата бековска позиција ќе игра Раум. Флоријан Вирц исто така се најде на клупата, а во првиот тим ќе игра Сане.

Кај Данска, пак, нема некои поголеми промени. Хојлунд е во нападот, а во средниот ред Кристијан Ериксен.

Се вчитува...