Нагелсман: Не знам дали ќе бидам селектор на Германија после ЕП

Јулијан Нагелсман во септември 2023 година беше поставен за нов селектор на Германија, и дојде на местото на Ханс Флик, кој доби отказ поради лошите резултати на пријателските натпревари. Германската селекција и дефинитивно е во криза и во паника пред Европското првенство кое се одржува во нивната земја. Очекувањата се големи, но Германија не е топ фаворит за освојување на пехарот.

Нагелсман има договор со Германија до крајот на Европското првенство, а неговата иднина ќе зависи од настапите на големото натпреварување. Доколку им се случи непланирано „фијаско“, тогаш можно е Нагелсман да не остане на клупата на „Маншафт“.

Самиот Нагелсман на новинарско прашање околу ждрепката за Лигата на Нации, кажа дека не знае дали ќе остане селектор.

„Не знам дали ќе бидам селектор после Европското првенство. Фокусот е на настапот на ЕВРО, и засега не размислувам за ништо понатаму. Секако дека сакаме да се преставиме во добро светло“, изјави Нагелсман.

Германија во Лигата на Нации е во група со Холандија, Унгарија и БИХ. На Европското првенство Германците ќе играат исто така со Унгарија, но и со Швајцарија и со Шкотска.

Се вчитува...