Германскиот селектор Јулијан Нагелсман ги разреши сите дилеми околу голманската позиција за претстојниот европски шампионат, откако денеска официјално потврди дека Мануел Нојер ќе ја чува мрежаа на домаќинот на ЕВРО 2024.
За време на повредата на Нојер улогата на прв голман најчесто ја имаше Тер Штеген, згора на тоа Нагелсман и Нојер не беа во најдобри односи додека младиот стратег беше на чело на Баерн Минхен, но тој не дозволи емоциите да му ги променат плановите, па му укажа доверба на најдобрио тгермански голман во моментов.
„Нојер ќе биде стартер на ЕВРО 2024, таа одлука е веќе донесена и им е соопштена на сите засегнати. Зборував со сите голмани и им ги пренесов моите причини за ваквиот став, сите ја прифатија одлуката“, изјави Нагелсман.
Германците утре ги очекува пријателски натпревар со селекцијата на Франција, меч на кој Нојер нема да може да настапи поради повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА