Нагелсман останува селектор на Германија и по 2026 година

Раководството на фудбалската федерација на Германија е задоволна со работата на Јулијан Нагелсман и има намера да му го продолжи договорот на младиот стратег и по Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година.

Германија предводена од Нагесламан од 2023 година до сега одигра 16 натпревари на кои издвои девет победи, четири нерешени средби и три порази.

„Ќе се обидеме да го убедиме Јулијан дека треба да остане во националниот тим уште неколку години“, изјави спортскиот директор на тимот Руди Фелер.

Се вчитува...