Нагелсман останува „шеф“ на Хофенхајм до 2021 година

Најмладиот тренер во историјата на Бундес-лигата, Џулијан Нагелсман, се согласи да остане тренер на Хофенхајм до 2021 година. Талентираниот стратег успеа да избори пласман во Лигата на шампиони со Хофенхајм уште во првата негова сезона како тренер на клубот, а потпишувањето на новиот договор значи дека раководстовото е задоволно од целокупниот напредок на клубот со овој стратег.

29-годишниот Нагелсман во февруари минатата година го превзеде првиот тим на Хофенхајм без соодветно искуство, но успехот кој го постигна за краток временски период не остана незабележан, па германските медиуми го поврзуваа со жешкото столче на Баерн Минхен и сметаат дека тој ќе идниот предводник на баварците.

Клубот му го продолжи договорот и на спортскиот директор Александер Росен до 2020 година, кој исто така придонесе за годинашниот успех на бундеслигашот.

„Заедно успеаја да направат огромен напредок со ограничени ресурси. Направија тим кој игра атрактивен и напаѓачки фудбал, кој не само што воодушеви во Германија, туку за првпат ги отвори вратите кон Европа, и за тоа сме им вечно благодарни“ – истакна претседателот на Хофенхајм, Питер Герлих.

 

Се вчитува...