Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман рече дека неговиот план за идното Светско првенство во 2026 година е да креира стартен тим со пет или шест најдобри резерви, кои би можеле да играат за националниот тим на турнирот.
Тој кажа дека сега им дава шанса на млади играчи, со оглед дека за две години тие ќе бидат созреани да играат на Мундијалот кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
„Нема ништо да добиеме ако имаме тим кој ќе ја освои Лигата на Нации, а потоа сите ќе имаат 35-36 години и сосема поинаков тим ќе игра на Мундијалот“, рече Нагелсман и додаде:
„Целта е да се добие ритам и идеја за тоа што значи да се победуваат мечевите. Тоа јасно им го кажав и на играчите. Мораме да ја користиме секоја минута максимално. Нема да правиме многу големи промени, затоа што во тимот во моментов има голема хармонија. Сакаме да бидеме светски шампиони. Не сакаме, туку ќе бидеме светски прваци. Ќе дадеме се од себе и убеден сум дека ќе го постигнеме тоа“, рече селекторот на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА