Нагелсман: Се радувам што ќе играме со Италија, иако е најтешкиот можен противник

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман ја коментираше ждрепката за 1/4-финалето на Лигата на нации, со која Бундестимот ќе се сретне со четирикратниот светски првак Италија.

Нагелсман кажува дека неговата селекција го добила најтешкиот можен противник, но дека се радува за пресметката со „азурите“.

„Со нетрпение го очекувам овој натпревар. Италија е страшен противник кој како и ние си ја врати старата сила. Италија игра многу напаѓачки, агресивен фудбал. Ќе играме против најсилниот противник што можевме да го добиеме“, изјави Нагелсман.

Се вчитува...