Нагелсман: Сега го немаме Левандовски, ќе мора да го менуваме начинот на давање голови

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман коментираше за играта на неговиот тим без Роберт Левандовски во нападот. Баварците на стартот од сезоната во Бундеслигата, покажаа квалитет и без Полјакот кој замина во Барселона, и го совладаа Ајнтрахт со убедливи 1-6.

Нагелсман кажа дека сега кога тимот нема класичен шпиц, ќе мора да го смени начинот на давање голови, но гледа и нешто позитивно во ова.

„Ќе треба да постигнуваме голови поинаку. Со изклучок на Циркци и Чупо-Мотинг, немаме класичен шпиц. Секој ќе треба повеќе да се движи и да превзема одговорност. Ова го гледам како шанса да станеме пофлексибилни“, рече тренреот на Баерн.

Се вчитува...