Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман, застана во одбрана на фудбалерот од средниот ред Флоријан Вирц, кој наидува на се повеќе критики по трансферот во Ливерпул.
Германецот и натаму нема придонес во својот нов тим, нема ниту асистенција, ниту гол за „црвените“ откако пристигна од Баер Леверкузен за сума од 140 милиони евра.
„Иако нема постигнато гол, тој е играч кој создава најмногу шанси од било кој друг во Премиерлигата, не е негова вина што неговите соиграчи не ги реализираат шансите. Тој само треба да се навикне. Гледам дека веќе почнува да се опушта. Знае за што е способен и како функционираат работите. Не му е лесно, но ќе продолжи да работи максимално“, рече германскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

