Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман најави дека ќе има изненадувања во составот на селекецијата за престојното Европско првенство кое се игра на германско тло.
Нагелсман, кој го замени Флик на селекторското место на репрезентацијата, откако доби отказ од Баерн Минхен, кажа дека ќе повика неколку нови играчи, за разлика од оние кои беа на СП во Катар, каде Германија не ја мина групата.
„Флик го следеше мотото „менталитетот е над талентот“, но тоа не функционира. Затоа сега ќе менуваме во составот во однос на Катар. Не велам дека треба да повикаме 10 нови играчи. Туку само неколку“, рече Нагелсман.
Тој кажа дека треба да се прекине да се третира германската репрезентација како врвна репрезентација, затоа што тоа во моментов не е.
„Репрезентацијата со години оди во надолна линија. Претседателот на федерацијата бара да стигнеме барем до полуфиналето, но тоа ќе зависи многу и од противниците. Точно е дека треба да се стремиме секогаш за највисокото место, но ништо не дава надеж дека ќе бидеме таму. Ако одиграме 4-5 добри натпреври, во кои ќе доминираме, а бидеме елиминирани во 1/4 финалето од силен противник, тогаш би било успех. Не ни недостасуваат одлични играчи, во последните години покажавме дека можеме да се носиме со селекции како Франција и Англија. Но, затоа имавме проблеми со Турција и Австрија затоа што тоа беа агресивни селекции. Едноставно не’ изедоа. Неопходно е да престанеме да размислуваме дека сме врвни во фудбалот. Сите мислат така, но во последните години потфрливме. Затоа треба да најдеме начин да се вратиме на успехот, и ќе мора да работиме напорно“, рече Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА