Шпанија успеа со гол во 119. минута да ја шокира цела Германија да ја исфрли домашната селекција од ЕП , но освен за одличен фудбал, многу ќе се зборува и за пеналот кој не беше досуден. Џамал Мусиала шутираше, а топката го удри Марк Кукуреља во рака, но судијата Ентони Тејлор не ни помисли да покаже на белата точка.
Англискиот судија не отиде ниту да го гледа видеото од таа ситуација. Германскиот селектор Јулијан Нагелсман по натпреварот истакна дека е неопходно да се ревидира правилото кога е во прашање ракометот во шеснаесетникот и истакна дека смета дека неговиот тим не требало да биде елиминиран од натпреварувањето.
„Кога тоа се случи, не можев добро да ја видам ситуацијата и си помислив дека е пенал, додека Шпанците се надеваа дека не е пенал. Потоа ја видов ситуацијата на ТВ и во тој момент само се надевав дека одлуката не е погрешна. За мене прашањето е зошто не се донесе попрактично правило за играње со рака. Не разбирам, зошто не се зема во предвид тоа што се случува со топката, туку тоа дали раката е во природна или неприродна ситуација. Има некои играчи со посилни мускули, со поинакви движења. Имаше игра со рака, и нема да кажам ништо повеќе. Во денешниот модерен свет постојат роботи кои ни прават кафе, и затоа ни треба вештачка интелигенција која ќе процени дали е игра со рака или не“, изјави Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА