Нагелсман за Ноер: Ќе му дадеме време, но Германија има светски голмани

Новиот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман ја коментираше ситуацијата со Мануел Ноер. Голманот кој е повреден од јануари оваа година откако доби повреда на ногата на скијање, полека се враќа на терените, но и натаму е далеку од настапите за Баерн и за репрезентацијата.

Наглесман кажа дека на Ноер ќе му се даде време, но дека не се грижи затоа што Германија има светски голмани.

„Многу важна работа е да му дадеме на Мануел време за целосно да заздрави и повторно да покаже врвна форма. Ако тоа се случи, ќе бидеме среќни. Тој има сериозна повреда.  Но, имаме неколку светски голмани“, изјави Нагелсман.

По смената на Баерн Минхен, се шпекулираше дека токму Ноер е еден од оние кои инсистирале на негова смена, откако му врачи отказ на Тони Топаловиќ, тогашниот тренер на голманите, кој воедно е многу близок со „единицата“ на Баерн Минхен.

Се вчитува...