Американската гимнастичарка Симон Бајлс и Новак Ѓоковиќ се добитници на наградата Лауреус за најдобри спортисти за минатата година.
Симон Бајлс која се смета за најдобрата гимнастичарка во нејзината генерација, по пауза од повеќе од една година се врати и освои четири златни медали и по едно сребро и бронза на Светското првенство и стана првата жена во историјата со четири злата во повеќебој. На само 21 година таа има 14 светски титули. Бајлс победи во конкуренција на Симона Халеп, Анжелик Кербер, Микаела Шифрин, Естер Ледецка и на Даниела Рајф.
A few words from the #Laureus19 World Sportswoman of the Year, @Simone_Biles ? pic.twitter.com/AntQsyO240
— #Laureus19 (@LaureusSport) February 18, 2019
Новак Ѓоковиќ кој пак имаше одлична 2018 година откако од 22 место на АТП листата на средината од годината стигна до првата позиција освојувајќи при тоа две грен-слем титули и два трофеја од Мастерс 1000 турнирите, беше прогласен за најдобар победувајќи многу големи имиња, Луис Хамилтон, Леброн Џејмс, Килијан Мбапе, Лука Модриќ и на Елуд Кипчоге. За Ѓоковиќ ова е четврта награда Лауреус во кариерата.
It was fitting that we gave the last words of #Laureus19 to an athlete who epitomises so much of what we admire in our sporting heroes.
What a speech @DjokerNole… pic.twitter.com/kQpZm5RK1M
— #Laureus19 (@LaureusSport) February 18, 2019
Наградата за најдобар тим на годината сосема очекувано ја доби светскиот фудбалски шампион, репрезентацијата на Франција. Наоми Осака е откритие на 2018. Голферот Тајгер Вудс е избран за спортист со најуспешно враќање. Признанието за животно дело го доби долгогодишниот предводник на Арсенал, францускиот фудбалски стратег, Арсен Венгер. Линдзи Вон доби специјална награда наречена „спортски дух на годината“.
Скијачката Хенријета Фаркашова која освои шест медали на параолиписките игри е добитничка на признанието најдобра меѓу спортистите со инвалидитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА