МЗТ Скопје имаше одлична сезона на резултатски план, успевајќи да стигне до нова двојна круна во мак-баскетот, а раководството на клубот ќе го награди тренерот Васко Атанасов со продолжување на соработката.
Младиот стратег ја презеде екипата пред крајот на ланската сезона, стигна до титулата, по што ја доби довербата да остане на клупата и за 2023/24. Атанасов целосно одговори на предизвикот, па иако буџетот беше значително намален во однос на претходната сезона МЗТ одигра импресивно на домашната сцена, стигнувајќи до двојна круна, притоа не губејќи ниту еден меч во плејофот од домашниот шампионат.
Двете страни разговараа за продолжување на соработката и постигнат е целосен договор, со што Атанасов ќе може да се фокусира на составување на ростерот за наредната сезона.
Клучна ќе биде иднината на браќата Дамјан и Војдан Стојановски, кои и сезонава беа главни фактори во походот по трофеите. Договорите со МЗТ истекоа на крајот од сезонава, а останува да се види дали ќе биде најде начин соработката да продолжи, ако се земат во предвид сериозните долгови што македонскиот шампион ги има кон овие двајца одлични кошаркари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА