Награда за добрите игри: Боломбој уште две години во Црвена Звезда

Црвена Звезда го награди Џоел Боломбој со нов договор, успевајќи да го задржи Американецот со руски пасош за уште две сезони во своите редови.

Овој кошаркар пристигна од редовите на Олимпијакос, во прв момент не важеше за стартна опција на „црвено-белите“, но со игрите на теренот покажа многу повеќе од Тоби и Симоновиќ, наметнувајќи се како прва опција на центарската позиција. Тој блескаше во последните два месеци, како во АБА така и во Евролигата, што беше причина управата на клубот да му понуди нов двогодишен договор што Боломбој денеска и официјално го потпиша.

Тој сезонава има просек од 10,4 поени и 5,4 скокови по натпревар во Евролигата, со индекс на корисност 14,2, категорија во која е најдобар кошаркар на Црвена ЗВезда во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...