Еден од нашите најперспективни млади кошаркари, Лејсон Зекири кој оваа сезона беше еден од предводниците на МЗТ Скопје 2 во историскиот успех на клубот од Аеродром е пред потпис со турскиот гигант Бешикташ. За Зекири ова воедно ќе биде враќање во интернационалната сцена по настапите во Гостивар и МЗТ Скопје 2.
Деветнаесетгодишникот на 18 одиграни натпревари оваа сезона во Првата лига бележеше просек од 10.2 поени и 4.8 скока, а притоа беше и еден од клучните играчи во осумтте победи на „штркчињата“. Крилниот центар висок 204 сантиметри во четврток патува за Турција каде очекува да потпише договор во клубот од Истанбул и веќе следната сезона да биде дел од првиот тим на „црно-белите“.
„Се наоѓам пред потпис со Вешикташ кој го претпозна успехот во текот на целата сезона, но и целиот вложен труд претходно. Се надевам дека ќе ги оправдам учекувањата и ќе докажам дека можам да играм и на тоа ниво“, изјави за ЕКИПА, Лејсон Зекири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА