Награда за мајсторскиот гол: Елмас ќе биде стартер против Милан

Елиф Елмас имаше деби за паметење во дресот на Торино, откако македонскиот репрезентативец по само три минути на теренот на гостувањето против Болоња блесна на најдобар можен начин, со мајсторски погодок носејќи ги „торинезите“ до предност од 1-2.

Неговиот тим не успеа да ја задржи предноста и несреќно загуби со 3-2, но Елмас со своите квалитети покажа дека ќе биде значаен адут на овој тим до крајот на сезонава. Последните информации од Торино говорат дека тренерот Ваноли е импресиониран од залагањето на Елиф на тренинзите на својата екипа. Тој веднаш по мечот во Болоња изјави дека квалитетите на Елмас се несомнени, но и дека македонскиот ас заостанува во физичката подговеност.

„Дијамантот“ во последните денови сторил се за да го разубеди тренерот, докажувајќи дека е подготвен за улогата на стартер. Торино во следното коло ог пречекува Милан, а Елиф е предвиден како лев офанзивен играч во формацијата 4-2-3-1, заземајќи го местото на Карамох.

Во ситуација кога Македонија за еден месец ја очекува почеток на новиот квалификациски циклус, јасно е дека за нашиот национален тим е исклучително важно Елмас да биде во добар натпреварувачки ритам.

Се вчитува...