Награда за одличната сезона: Двојно поголема плата за Палмер во Челси

Кол Палмер го засили Челси во изненадувачки трансфер од редовите на Манчестер Сити на самиот крај на летниот преоден рок во 2023 година и за брзо време успеа да се наметне во тимот како еден од најдобрите поединци.

Оваа сезона младиот Англичанец е „виновен“ за вкупно 19 голови во Премиерлигата од кои 11 ги постигна сам, а осум асистираше до соиграчите брзо наметнувајќи се и како миленик на навивачите.

А, Челси ќе го награди неговиот труд со нов, побогат договор, пренесуваат англиските медиуми. Актуелниот договор е со важност до 2030 година, период во кој треба да заработува неделна плата од 75 илјади фунти неделно, но тоа набргу ќе се промени со што ќе се удвои неговата плата на 150 илјади фунти неделно.

Се вчитува...