Бекот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ е избран за најкорисниот играч на регуларниот дел од Евролигата откако ги доби гласовите на фановите, медиумите, тренерите и капитените на тимовите.
Српскиот интернационалец блескаше во текот на целата сезона со просек од 16.3 поени, 4.8 асистенции, 2.6 скока и 1.2 украдени топки по натпревар. Мициќ оваа сезона постави и нов личен рекорд во Евролигата откако градското дерби против Фенербахче го заврши со неверојатни 37 постигнати поени, со само два промашени обиди од поле (10/12) и перфектни 11 од 11 од линијата за слободни фрлања.
The EuroLeague’s 2020-21 season MVP…
A STUNNING campaign from Vasilije Micic ? pic.twitter.com/qUO9RC9SaD
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 26, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА