Антонио Конте оствари огромен успех освојувајќи ја титулата во Премиер-лигата, а Роман Абрамович го награди италијанскиот стратег со нов двогодишен договор што беше потпишан вечерва. Преговорите на оваа тема траеја повеќе од еден месец, медиумите дури и шпекулираа дека Конте одбива да потпише по пропаднатиот трансфер на Лукаку, но трофејниот стручњак сепак вечерва го стави својот потпис на новиот договор со „сините“ од Лондон.
„Пресреќен сум што потпишувам нов договор со Челси. Работевме многу напорно во првата година за да оствариме нешто фантастично, нешто на што сум бескрајно горд. Сега треба да работиме уште понапорно за да се задржиме на врвот. Навивачите ми даваат огромна поддршка од првиот ден кога стигнав во клубот и многу е важно да продолжиме заедно на овој пат – патот на успехот“, изјави Конте по потписот на новиот договор.
Челси под водство на овој стратег стигна до рекордни 30 победи во една натпреварувачка сезона, како и 13 премиерлигашки победи во низа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА