Македонската одбојкарска репрезентација во мај и во јуни следната година ќе биде меѓу 12. селекции кои ќе се натпреваруваат во Златна Европска лига, објави Европската федерација (ЦЕВ). Ова доаѓа по солидниот настап во дебито на европските првенства и со тоа подобрениот ранкинг на листата на ЦЕВ. Нашата селекција е на 21. место и досега настапуваше во Сребрената Европска лига.
Во престижната конкуренција највисокорангирана е Белгија како шеста одбојкарска сила на континентот, а зад неа, но во првите десет е и Холандија. Покрај нив, ќе учествуваат и Чешка, Турција, Украина, Словачка, Шпанија, Естонија и на Португалија, како и послаборангираните од нас Белорусија и Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА