Наградата „Дејан Милојевиќ“ во рацете на Лука Божиќ

Кошаркарот на Задар, Лука Божиќ втор пат во кариерата е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел од сезоната во АБА лигата, а Хрватот ќе остане запомнат како прв во историјата кој ја подигнал носејќи го новиот назив „Дејан Милојевиќ“ во чест на српскиот кошаркар и подоцна тренер кој за жал прерано го напушти светот.

Со добиени 82.6 отсто од гласовите на тренерите, новинарите и навивачите, Божиќ е убедливо на првото место пред кошаркарот на Будуќност, Кенан Камењаш (12.3 отсто) и кошаркарот на Партизан, Зек Ледеј (2.4 отсто).

Дваесетиседумгодишникот во регуларниот дел од сезоната забележа просек од 20.6 поени, 8.0 скокови и 6.2 асистенции.

Се вчитува...